Контакт

Црна хроника

Пронајдени 25 мигранти во автомобил кај Свети Николе

Објавено пред

Во автомобил кај с. Преод, Свети Николе, ноќеска биле пронајдени 25 мигранти од Авганистан и Пакистан. Возилото го управувал 24-годишен скопјанец, а со него имало и 20-годишна сопатничка од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Сите биле приведени и предадени на полициски службеници во Полициската станица Свети Николе за понатамошна постапка.

Црна хроника

Скопјанец злоупотребил лични податоци на поранешната сопруга, заработи кривична пријава

Објавено пред

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Расчистени шест тешки кражби во Прилеп, двајца приведени

Објавено пред

Вчера, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода 35-годишниот Е.Б. и 39-годишниот О.М., двајцата од Прилеп, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети, соопшти МВР.

Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата, превезувал производи без документација

Објавено пред

Вчера вечер во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од село Черкези, кумановско, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки. Додека, при преглед во возилото била пронајдени производи без потребната документација, соопшти МВР.

Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

САД му забрани влез на Кочо Анѓушев и семејството, поради вмешаност во корупција

Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради...

Македонија2 часа

Таткото на убиената Вања и денес негира дека кажал на грабнувачите кога таа ќе излезе од дома, заврши распитот

И на денешниот распит кај јавен обвинител Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче негира дека дал информации кога и...

Македонија3 часа

За градоначалникот обид за киднапирање во Карбинци, за полицијата покана за кафе за ученичка

Министерството за внатрешни работи демантира дека утрово имало обид за киднапирање двајца ученици во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци,...

Македонија5 часа

Каратист од Велес, е еден од осомничените за убиството на Вања

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачки: До убиството на Вања можеби немало да дојде, ако Спасовски не направил пропусти во истрагата

Оливер Спасовски вчера ја излажа македонската јавност, а МВР под негово раководство е испреплетено односно поврзано со криминогени структури, истакнува...

Македонија5 часа

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, се соочуваат со најмалку 10 години затвор“, вели обвинителот Бубевски

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и...

Топ6 часа

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво, декларирано како базно масло

Царинските службеници на Ќафасан спречија обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било...

Топ7 часа

(Видео) Тешка сообраќајна незгода кај Соборна, возило излета од булевар и турна столб

Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје направи хаос во движењето на возилата. Автомобилот марка „голф“ излетал од булеварот, при што...

Македонија7 часа

30-дневен притвор за Љупчо Палевски, од денот кога ќе биде уапсен, определи Кривичниот суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со...

Македонија7 часа

СДСМ: МВР и ЈО покажаа професионалност и го расветлија случајот со грозоморните убиства

Според партијата на власт, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство како надлежни институции покажале посветеност и професионалност на високо...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Спасовски веднаш, вети враќање на безбедноста во маалата, 5 години потоа киднапирано и убиено е дете среде Скопје

Спасовски вети враќање на безбедноста во маалата, 5 години потоа киднапирано и убиено е дете среде Скопје, а тој недела...

Европа8 часа

Орбан ја блокира Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара на претстојниот самит на лидерите на Европската унија следната недела да се избегне донесување одлука...

Свет8 часа

Израел подготвува систем на пумпи за вода за да ги избрка борците на Хамас од тунелот

Израел подготвува голем систем на пумпи за вода со кои би можел да ги поплави тунелите на Хамас под Појасот...

Македонија19 часа

Одреден притвор од 48 часа за таткото на убиената Вања

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања...

Топ20 часа

Од вечерва и Интерпол трага по двојниот убиец Палчо, објавена меѓународна потерница

Љупчо Палевски Палчо од вечерва е објавен на веб страницата на МВР дека се бара со потерница. „Љупчо Палевски род.12.12.1964...

Македонија1 ден

Таткото негира дека кажал кога Вања ќе излезе од дома, Обвинителството и за него ќе бара притвор

Таткото на убиената Вања во истрагата негирал дека тој му ги дал информациите на организаторот, кој истовремено е и извршител...

Македонија1 ден

Од неовластено прислушување, држење оружје, даночно затајување: МВР за Палевски, првоосомничениот за убиството на Вања

Министерството за внатрешни работи со појаснување за тоа кој е и какво криминално досие има осомничениот за трагичната смрт на...

Македонија1 ден

Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми

Министерот за правда, Кренар Лога, изрази сочувство до семејствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата...

Македонија1 ден

„Велешанецот е ‘прометна жртва’ за да му се одземе ‘ситроенот’ и поради долг од 500 евра“, вели обвинителот

Велешанецот Панче Жежовски имал долг од 500 евра, а според обвинителот Гаврил Бубевски, тој е „прометна жртва“. „Не можам до...

Македонија1 ден

Бубевски за причината за грабнувањето на Вања: Проверуваме дали средствата од станот што го продала мајката се мотив   

Откога двајца од осомничените кажале дека информациите за времето и местото кога убиената Вања ќе излезе сама од дома ги...