Црна хроника
Пронајдено оружје и муниција во Гостивар, приведено едно лице

Синоќа во 23.45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ф.(70) од Гостивар.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „ЦЗ“ со рамка со куршуми калибар 9мм.
Лицето било задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штипјанка нашла рачна бомба додека го чистела станот на починатиот татко

Жителка на Штип при чистење на станот на својот починат татко вчера попладне пронашла рачна бомба и веднаш пријавила во полиција.
На терен излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја отстранил бомбата.
За инцидентот бил известен и јавен обвинител.
Црна хроника
Пукале со пиштол на семејна веселба во Кичевско, повредено 16-годишно момче

Шеснаесетгодишно момче е повредено откако неколку куршуми се одбиле од подот во пукање на семејна веселба во кичевско село.
Според информациите на МВР, ноќеска во 02.30 часот, полициски службеници ги уапсиле Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.
При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево.
Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави
Црна хроника
Приведен кавадарчанец, кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци.
При извршен алкотест, кај Р.С. биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.
За случајот е известен јавен обвинител.