Црна хроника
Пронајдено телото на 27-годишниот работник кој падна во канал за наводнување

Синоќа во близина на кочанското село Бање, во канал за наводнување бил пронајден починат 27-годишниот работник од Кавадарци, по кого се трагаше. На 23 мај во 17 часот и 10 минути беше пријавено дека најверојатно паднал во каналот додека извршувал работни задачи на објект во кочанското село Тркање.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен oбвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во вчерашната полициска акција поделени 253 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 253 возачи.
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 150 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
Црна хроника
Убиено 22-годишно момче во тепачка во Струмица

Вечерва во Струмица е убиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства во Туското маало.
Во тепачката повреден е малолетник и две жени, соопшти полицијата.
Повеќе детали за настанот полицијата најави за утре.
Црна хроника
Убиен жител на село Ласкарци, во него пукале две лица

Синоќа, во скопското село Ласкарци две лица со огнено оружје пукале во 34-годишниот Р. Ќ..
Тој добил повреди по што починал во возилото на итната медицинска помош при транспорт до комлпексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.