Црна хроника
Пронајден кокаин и хероин во Чаир, приведен 35-годишен маж
Полицијата приведе 35-годишен маж кај кого биле пронајдени хероин и кокаин.
Според информациите на МВР, попладнево околу 15.30 часот на ул. Цветан Димов во Скопје бил приведен Е.О.В. (35) со шпанска лична карта, кај кого бил пронајден кокаин и хероин.
Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а запленето е и возилото „мерцедес“ што тој го управувал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден возач во судир меѓу автобус и „сузуки“ кај Кучково
Вчера на локалниот пат меѓу селата Кучково и Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С. (61) од с. Никиштани, и патничко возило „Сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (71) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., а повредите му биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Недоразбирање во сообраќајот завршило со убод во Тетово – поднесена пријава
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.М. (20) од селото Пирок, општина Боговиње, поради сомнение за насилство.
Според полицијата, на 1 ноември 2025 година во Тетово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на А.К. (20) од Тетово.
Случајот е документиран и проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.
Црна хроника
Штипјанец пријавен за неовластени трансакции со туѓа банкарска картичка
Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против Е.З. (38) од овој град, поради сомнение за кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавата, на 4 септември 2025 година во Штип, осомничениот без дозвола и согласност ја користел банкарската картичка на 75-годишна жена од Штип и неовластено извршил трансакции на банкомат.
Случајот е целосно документиран и проследен до надлежните органи за понатамошна постапка.

