Црна хроника
„Пукаше кон мене, но не ме повреди“ – во Мирковци пукање поради нерасчистени долгови
Четириесетгодишник од Мирковци, скопско, пријавил дека пред неговата куќа во селото дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го повредил.
Извршен бил увид од увидна екипа, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две деца, момче и девојче донесени во бессознание, пиеле алкохол во дискотека во Гостивар
Во текот на ноќта во два одделни случаи малолетници биле донесени во бессознание по консумирање алкохол во дискотека во Гостивар. Според информациите од Ургентниот центар во Гостивар, се работи за малолетна девојка и малолетно момче.
Во 00:55 часот, од Ургентниот центар во Гостивар било пријавено дека малолетна девојка била донесена во бессознание.
Според првичните информации, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Речиси три часа подоцна од Ургентен центар Гостивар повторно било пријавено дека е донесен малолетник во бессознание, по истата причина – консумирање алкохол во дискотека.
Полицијата во двата случаи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Гореше автомобил во Прилеп, нема повредени лица
На улицата Пенка Котеска во Прилеп вчера било пријавено дека е опожарено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Г. (49) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат на време и нема повредени лица.
„Пристигнавме веднаш по добивањето на пријавата. Пожарот беше локализиран во краток период, а нема повредени лица. Ова е сериозен инцидент, но засега немаме информации за причините за пожарот“, велат од полицијата.
По извршениот увид, полицијата започна истрага за откривање на причините за пожарот.
Црна хроника
Пиштол и 263 куршуми најдени во куќа во Дреновец
Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат за одземени пиштол и 263 куршуми при претрес во дом на 46-годишно лице од Дреновец.
-Вчера во периодот од 10:45 до 11:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР – Тетово извршиле претрес во домот на С.С. од Дреновец – Тетово. За време на претресот биле пронајдени и одземени пиштол „црвена застава“ и 263 куршуми калибар 9 милиметри, соопштуваат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, како што додаваат, ќе следува соодветна пријава.