Црна хроника
Работник загина во рудникот „Суводол“
Синоќа при несреќен случај во рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загубил работник 60-годишен работник.
Како што известуваат од РЕК „Битола“, во моментот на несреќата, тој бил ангажиран на извршување на редовни работни активности.
Стручните служби на РЕК „Битола“ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.
Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, а јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
