Црна хроника
Работник повреден во фабрика во Кавадарци
Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Кавадарци од ЈЗУ Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив бил донесен Р.О.(49) од Кавадарци, кој додека вршел работни задачи во фабрика, паднал и се здобил со тешка телесна повреда. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Симнал и оштетил службен печат и продолжил да си гради на парцела во Пештани: кривична за охриѓанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(50) од охридското село Пештани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“.
Во текот на 2024 година, тој на катастарска парцела во Пештани, каде нелегално изградил објект, и покрај претходно донесено решение за отстранување на градбата и поставената службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за затворање на градилиштето поставено од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид, пријавениот ги симнал и оштетил истите и продолжил со изведување на градежни активности.
Црна хроника
Приведен маж од Охрид: крадел во продажен објект
Вчера во 16.30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е И.Ц.(46) од Охрид.
Тој претходно бил затекнат при кражба на помошен работен алат и прибор.
Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственичката
На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа.
При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената.
Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.