Црна хроника
Работник почина во болница откако тешко се повреди на градежен обејкт во Скопје

Работник ангажиран на градежен објект на улицата „Пиринска“ во Скопје вчера попладне се здобил со тешки повреди. Бил пренсен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починал.
Изврешен е увид на местот на несреќата информираше МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.
Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.
Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.
Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство.
Топ
Пукање во Штип, едно лице е повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.
Според првичните информации од полицијата, повредениот е префрлен во болницата во Штип.
„Вчера околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Црна хроника
Полицијата фати на дело крадци во поранешна Железара

Скопската полиција на дело фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара.
Според информациите на МВР, на 7 мај во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници ги уапсиле Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско.
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Имено, лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените.
Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.