Црна хроника
Разбиена криминална група која извршила разбојништво со смртни последици

Полициски службении од Скопје и Кичево во соработка со Одделот за специјални полициски операции, вчера ги уапсиле Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп.
Како што информираат од МВР, по претходно преземени активности и добиена судска наредба, извршени биле претреси во домoвите и други простории кај петте лица, при што биле пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашеста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела.
Така, расчистени биле две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари годинава, од кои едното со смртни последици.
Петте лица се приведени за понатамошна постапка.
Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 од Кривичниот законик, при што од страна на судија им е изречена мерка притвор.
На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Детонација пред казино во Кисела Вода

Силен звук, како детонација одекнал 40 минути по полноќ пред казино на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.
Нема повредени лица, а нема ниту оштетувања на казиното и на околните објекти.
Ова го соопшти МВР без да објави повеќе информации за инцидентот.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Maлолетничка натепана во автобус на ЈСП, нападнат и скопјанец кој се обидел да и’ помогне

Малолетно девојче било нападнато во автобус со бројот 57 вчера во Скопје.
Според информациите од полицијата, нападнат бил и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани малолетничката.
„На 07.02.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во автобус бр.57 на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички нападнало малолетничка од Скопје, а потоа физички го нападнало и Ќ.С.(32) од Скопје, кој сакал да ја одбрани малолетничката“, соопшти МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Гостиварец потрошил над 2.000 евра од туѓа платежна картичка

Полицијата поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.
„Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски објекти и хотели во Гостивар, а воедно и подигнал парични средства од банкомати во градот во износ од 2.556 евра“, велат од МВР во дневниот билтен.