Црна хроника
Разбојник со нож ограбувал аптеки во Скопје

Триесет и четиригодишен скопјанец е осомничен за вооружени разбојнички кражби во аптеки во повеќе скопски населби.
Осомничениот, на 13 октомври, со употреба на сила и закана со нож, украл 25.000 денари од аптека во Аеродром. Од истата аптека на 2 ноември украл уште 21.000 денари.
На 25 октомври од друга аптека во Аеродром на сличен начин украл 12.000 денари.
Истиот осомничен, заканувајќи им се со нож на вработените, на 27 октомври од аптека во Гази Баба украл 24.000 денари.
Истиот ден осомничениот влегол во аптека во Карпош и заканувајќи им се на вработените со ножот, украл 40.000 денари.
На 18 октомври, пак, од регистар-касите во аптека во Кисела Вода украл 48.756 денари.
Вкупно, со шест разбојништва извршени на сличен начин, осомничениот од аптеки во Скопје украл над 170 илјади денари.
Освен ова, тој е осомничен дека на 22 октомври се обидел да изврши разбојништво во уште една аптека во Карпош, но кога вработената го предупредила дека го активирала алармот, избегал без да ги земе парите.
Јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и повторување на делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Maж нападнат и ограбен во својот дом во Чаир

Триесет и четиригодишен мaж бил нападнат и ограбен во својот дом во Чаир.
Нападот во полицијата бил пријавен утрово околу 2.30 часот по полноќ.
„Во дом на подрачје на Чаир две лица, од кои едното употребило остар предмет, го нападнале А.К.(34) , при што му одзеле и пари“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Maж од Кочани користел туѓи податоци за да нарачува производи онлајн

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради злоупотреба на лични податоци.
Мажот на крајот на минатата година, во период од два месеци, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати, соопшти МВР.
Покрај ова пријавениот, повеќе пати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на веб страната на телефонски оператор, каде во негово име регистрирал и четири телефонски броеви. Исто така пријавениот, креирал и профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Црна хроника
Кривична пријава против 10 лица за сексуално злоупотребување малолетничка и изготвување порнографски материјал

Кривични пријави против 10 лица од Скопје, Велес и од Тетово се осомничени за трговија со дете. За гонат за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал.
Претходно, на 26.01.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Д.(25) од Велес за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 1 и ст. 3), Д.С. (32) од Тетово за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 3 в.в. ст. 1) и Д.Н. (25), Т.И. (22) и К.Т. (24) од Велес, за сторено кривично дело „трговија со дете“ (чл. 418-г ст. 3) од Кривичниот законик, за што од страна на Судија на претходна постапка, на С.Д., Д.С., Д.Н. и Т.И. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на К.Т. му е одредена мерка куќен притвор.
По преземени понатамошни мерки и активности од страна на НЕСКМТЛ во содејство со надлежното ОЈО за ГОКК, утврдени се и други лица, на кои се однесува денешната кривична пријава, за кои постојат основи на сомнение дека се инволвирани во извршување на кривичните дела. Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Велес, Тетово и Скопје извршени се претреси во дом и други простории кај пријавените лица, при што девет лица се лишени од слобода, а по едно лице, кое се наоѓа надвор од државата, се трага. Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати, марихуана, гасен пиштол и други предмети кои се предмет на кривично дело.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата Д.П.Т.(23), А.З.(25), Р.А.(27), Т.Л.(26), С.Н.(25), сите од Велес и Р.В.(21) од Скопје за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418-г став 3 од КЗ, А.Ф.(22). и Б.Ф.(27) двајцата од Велес за сторено кривично дело „полова злоупотреба на немоќно лице“ од член 187 став 2 вв став 1 од КЗ, К.Б.(31) од Велес и Б.П.(31) од Тетово за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ од член 193 став 3 од Кривичниот законик.