Црна хроника
Раководители во „Комуналец“ Гевгелија не наплаќале долгови и намерно дозволиле да застарат
Oдделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против три лица од овој град – У.В. (61), П.Б. (48) и М.П. (53), поради сомнение дека во периодот од 2014 до 2017 година, како вработени во Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гевгелија сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Првоосомничената У.В, која во наведениот период била директор на јавното претпријатие, пропуштајќи да бидат наплатени долгови за извршени услуги од претпријатието, направени од страна на физички и правни лица од општина Гевгелија, село Стојаково и село Селемлија, сторила повреда на повеќе одредби од законски и подзаконски акти и договори.
П.Б., кој во споменатиот период бил раководител на Сектор за комерција и односи со корисници при јавното претпријатие, не изготвувал месечни извештаи за тоа кои корисници на услуги да бидат предупредени или тужени и не ги предавал на првоосомничената како директор, заради носење конечна одлука.
Во периодот до 16 мај 2016 година П.Б. не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред тие да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот.
М.П. во својство на службено лице, раководителка на Сектор за општи и правни работи и човечки ресурси, во периодот од 17 мај 2016 до 31 декември 2017 година не водела сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред да застарат, а дополнително, во содејство со П.К., ја злоупотребиле својата службена должност, така што по претходно дадена согласност од првоосомничената, селективно одлучувале кои физички и правни лица да бидат опоменати и тужени, при што пропуштиле да спроведат постапка за присилна наплата на долг од корисници.
Со овие дејства осомничените, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овлстување, причиниле вкупна материјална штета во висина од 6.114.969 денари на штета на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Гевгелија, како и друга дополнителна материјална штета на претпријатието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

