Црна хроника
Украдени пари и накит од куќа во Кочани, крадецот уапсен
Вчера, во 13 часот, во Кочани, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани бил лишен од слобода Р. А. (21) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешка кражба на дрзок начин.
Според информации од МВР, на 7.7.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека околу 12 часот непознат сторител од куќа на улицата Евлија Челеблија во Кочани одзел пари, накит и други предмети.
Набргу од страна на полициски службеници бил утврден идентитетот на сторителот Р. А., кој е приведен, а некои од украдените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.
По комплетно документирање на случајот, против Р. А. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани, најавија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

