Црна хроника
Светло-техничар од МНТ паднал од висина, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера во Македонскиот народен театар во Скопје дошло до несреќа кога 35-годишен светло-техничар, паднал од висина додека изведувал работни задачи.
Од МВР информираат дека мажот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза’’.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен турски државјанин на Деве Баир поради фалсификувана зелена карта
Вчера во 05:30 часот на граничниот премин Деве Баир, при влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 55-годишен државјанин на Р. Турција.
Како што информираат надлежните, станува збор за З.А. (55), кој управувал товарно возило даф со полуприколка со турски национални ознаки. При извршена гранична контрола било утврдено дека меѓународната зелена карта за осигурување на полуприколката, која ја приложил на увид, била фалсификувана.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

