Црна хроника
Се бара притвор за албанскиот државјанин фатен со 100 килограми дрога во Дебарца

Oхридското Основно јавно обвинителство почна истрага против 38-годишен државјанин на Албанија поради сомнение дека сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот, вчера, околу 20 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници додека управувал автомобил „ситроен берлинго“ со албанска регистрација, а во сопственост на друго лице.
При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми марихуана, спакувана во 100 полиетиленски пакувања распределени во 5 најлонски вреќи.
Поради потребата од непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител доставил предлог за определување притвор за Албанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казнети 152 возачи во Скопје: 99 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 2 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Црна хроника
МВР со детали за сообраќајката во Чаир: Тешки повреди има 18-годишниот возач на моторциклот
Црна хроника
Маж од Струмица загина работејќи на сопствената нива

Педесет и осумгодишен маж од селото Сачево, Струмичко загина додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива.
Според информациите од полицијата, во нивата имало редови со метални цевки за фолии. Мажот се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.