Црна хроника
Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш
Вчера, во 13.30 часот, во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С. Р. (37) од Република Хрватска и А. К. (37) од Радовиш, извести МВР.
„Тие се сомничат дека околу 7.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а кога биле забележани од клисарот во црквата, А. К. физички го нападнала, а С. Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото“, соопшти МВР.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

