Црна хроника
Се пукало, се удирале со стаклени и дрвени предмети: масовна тепачка во Гостиварско

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска, околу 4.30 часот, ги лишиле од слобода С. А. (36) од гостиварско Дебреше, С. Т. (23) и Ф. Т. (54) од гостиварско Неготино, С. Т. (40) од гостиварски Равен, С. Р. (40) и Н. Р. (41) од гостиварско Врапчиште, А. П. (34) од Скопје и гостиварците Д. О. (35), П. М. (36) и Б. Г. (40).
Тие се сомничат за инволвираност во меѓусебна физичка пресметка, која непосредно пред тоа се случила во угостителски објект на улицата Илинденска во Гостивар.
Според пријавеното, во пресметката биле користени стаклени и дрвени предмети, а еден од учесниците пукал и од огнено оружје.
Сите се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Авомобил и мотоцикл се судрија во Скопје, едно лице е тешко повредено

Вчера на улицата Индира Ганди во Скопје се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ управуван од Б.А.(35) од Скопје и мотоцикл управуван од А.А.(38) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Додека, со телесни повреди, констатирани, исто така, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобил С.М.(33) од Куманово, сопатник на мотоциклот“, објави МВР.
Извршен е увид.
Топ
Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје.
Тој се сомничи дека претходно на подрачје на Центар со шише со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.М.(69) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(55) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Младиот маж бил задржан во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Топ
Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син.
Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.