Црна хроника
Се судрија мотоцикл и „шевролет“ во Гевгелија, тешко повреден мотоциклистот
Вчера во 15.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од 49-годишниот Љ.П. од Гевгелија и патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот М.Ќ. од Богданци, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сомнителни лица со возило се движеле низ воениот објект Криволак, во автомобилот имале алати за ископ
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(50) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(50) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(37) од с.Орланци, скопско, поради постоење основи на сомнение за неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.
„На 14 април 2024 пријавените биле затекнати како со патничко возило „шаран“ со скопски регистарски ознаки се движат низ воениот објект Криволак и при преглед било утврдено дека во возилото има метал – детектори и скенер за вршење археолошки истражувања, како и алат за вршење ископ за кои не поседуваат соодветна документација“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Државјанин на Турција најден починат на Бит Пазар
Вчера во полицијата било пријавено дека во станот во кој престојува на на подрачјето на Бит Пазар, бил пронајден починат А.К.(69) од Република Турција, со престој во Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Сопружници од Скопје меѓусебно се обвиниле за напад среде трговски центар во Центар
Педесетгодишен скопјанец пријавил во полицијата дека пред два дена бил нападнат од неговата 36-годишна сопруга во трговски центар на подрачјето на Центар.
Исто така, и сопругата пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, кој и упатувал и закани, а потоа и го одзел мобилниот телефон и го фрлил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.