Контакт

Црна хроника

Се утврдуваат причините за сообраќајката кај Радовиш во која загина 38-годишен маж на мотор

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш вчера изврши увид на регионалниот пат Радовиш – планина Плачковица, каде што во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога мотор „јамаха“, управуван од едно 38-годишно лице, удрил во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кој управувал возач на возраст од 28 години. Од ударот, моторот излетал надвор од коловозот, во стрмен дол. Со итна медицинска помош моторциклистот веднаш е префрлен во штипската болница, каде што им подлегнал на здобиените повреди. Возачот и двајца сопатници во голфот се здобиле со телесни повреди.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на трагите пронајдени на лице место, а местото е фотографирано и скицирано. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице, како и за анализа на примероци од крв и урина од возачот на другото возило. Дополнително, во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа, по наредба на јавниот обвинител ќе се врши сообраќајно вештачење.​​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Романец и Молдавка тешко повредени во Охрид, се превртеле со четирицикл

Објавено пред

Во охридската полиција во вечерните часови на 16 јуни било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки повреди биле донесени М.Ц. (63) од Романија и Т.Ц. (60) од Молдавија.

Полицијата излегла на местото на настанот при што било констатирано дека околу 18 часот М.Ц., кој управувал четирицикл „цфмото“, со охридски регистарски ознаки, на кој сопатничка била Т.Ц., на местото викано „Крстец“ кон селото Велестово, изгубил контрола над возилото, при што тие излетале надвор од коловозот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пожар во автобус на ЈСП

Објавено пред

Од МВР информираат дека вчера (17 јуни) околу 18.45 часот на улицата Кузман Јосифовски Питу, во близина на НБРМ, настанал пожар во автобус на ЈСП.

Во моментот на избувнување на пожарот автобусот бил во движење, но повредени лица нема, а огнот набрзо бил изгаснат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсени двајца гостиварци, извршиле обид за убиство во Дебар

Објавено пред

Службеници од полициската станица Ростуше, вчера на местото викано „Ростушко анче“ ги уаспсиле А.А. (28) од гостиварското село Долна Бањица и А.Т. (30) од гостиварско Лакавица, откако биле сопрени во автомобил „ауди“, со гостиварска регистарацја.

Како што информираат од МВР, гостиварците се уапсени поради сомнение дека околу 22.10 часот истиот ден на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, кај џамијата „Саат кула“, со огнено оружје го повредиле А.И. (30) од Дебар.

А.И. бил пренесен во дебарската општа болница за укажување на лекарска помош, полициски службеници извршиле увид и преглед во возилото „ауди“ бил пронајден пиштол „сиг сауер“ П226С со калибар 9 мм.

По наредба на Јавен обвинител лицата се приведени во ОВР Дебар за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија3 часа

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион7 часа

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Спорт7 часа

Дерби на денот – Битката за Британија, Хрватска мора да ја победи Чешка

Денес на програмата на Европското првенство ќе се одиграат три натпревар. Во, Д-групата ќе биде комплетирано второто коло и ќе...

Македонија7 часа

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион8 часа

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт9 часа

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт19 часа

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион20 часа

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Европа20 часа

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент, пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио...

Македонија1 ден

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија1 ден

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија1 ден

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија1 ден

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија1 ден

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ1 ден

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија1 ден

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија1 ден

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт1 ден

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Досие