Црна хроника
Скопјанец измамен за 50. 000 денари: непознато лице му се претставило како вработен во МВР и му ветувал вработување на синот

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, 85 – годишен маж од Скопје пријавил дека на 01.11.2024 бил измамен од едно лице за сума од 50.000 денари.
Според пријавеното, лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи за што му ги побарал парите.
Како што е пријавено, откако му ги дал парите, телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео/фото) Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 кубни метри бесправно исечено огревно дрво

Вчера, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија.
Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри кубни исечени букови дрва подготвени за товарање и транспорт без соодветна документација.
Во координација со јавен обвинител, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, како и надлежниот инспекторат, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.
Црна хроника
Уапсен ресенец, возел под дејство на алкохол

Денеска во 00.40 часот на улицата „Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен.
При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фоксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
За осум часа казнети 76 возачи во Скопје, 20 од нив возеле мотоцикли

Синоќа од страна во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата во Скопје повторно спроведе засилена сообраќајна контрола на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
„За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 санкции за возење без заштитна кацига, четири мерки за возење мотоцикл без положен испит“, извести Министерството за внатрешни работи.