Црна хроника
Скопјанец пријавил дека во неговото куче пукале со воздушна пушка

Во претпладневните часови на вчерашниот ден во Полициската станица Гази Баба 45-годишен скопјанец пријавил дека на 2 септември годинава непознат сторител со воздушна пушка пукал во неговото куче и го погодил во пределот на стомакот.
Настанот се случул на улица 203 во населба Гоце Делчев. Скопјанецот го однел кучето во ветеринарна болница, а по укажаната помош било вратено дома.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
ОЈО: Истрага против лице кое ја претепало сопствената мајка

По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, спроведена е истражна постапка против едно лице кое ја претепало сопствената мајка.
„Осомничениот на 17.02.2019 година во семејниот дом во с. Визбегово, во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неговата мајка, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа, тој со двете раце ја давел оштетената, ја турнал на земјата и продолжил да ја удира со што ѝ нанел телесни повреди“, се наведува во соопштението на обвинителство.
Поради опасност осомничениот да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Топ
Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, починал 33-годишниот градежниот работник М.А. од селото Челопек, Тетовско.
Како што соопшти МВР, работникот починал кога се обидувал да натовари железна арматура на кран. Арматурата се откачила и од висина од околу два метра паднала врз него. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден тракторист во Кумановско

Tрактор управуван од 49-годишно лице се превртел, a возачот се здобил со тешки телесни повреди.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила на место викано Долно маало во близина на селото Тромеѓа, Кумановско, на земјен пат.
Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар Куманово. По укажаната лекарска помош, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал