Црна хроника
Скопјанец со возило удрил во 19-годишно момче: се скарале за паркинг место
Синоќа во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје.
Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена е марихуана: уапсен 25-годишник
Вчера во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода 25-годишниот Д.Л. од Радовиш.
Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

