Црна хроника
Службени лица ја оштетиле охридската болница за над 3 милиони денари
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Струга и против М.К.(48) од Охрид за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. О.Л., во својство на шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ Општа болница Охрид, и М.К. како помошник директор за економски работи во ЈЗУ Општа болница Охрид договарале јавни набавки на услуги за сервисирање и одржување на медицинска опрема само со фирмата „Уни медикал” ДООЕЛ Скопје, при што предвидениот лимит од 1.000.000 денари го надминале за дополнителни 1.262.342 денари.
Притоа, првопријавената и покрај тоа што ставката на проценета вредност на јавна набавка со „Уни медикал” ДООЕЛ Скопје била со вредност од 13.000.000 денари, изготвила одлука со невистинити податоци на износ од 16.000.000 денари со што го надминала предвидениот лимит за 2.202.136 денари.
Со наведените дејствија пријавените предизвикале вкупна материјална штета на ЈЗУ Општа болница Охрид од 3.464.478 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

