Црна хроника
Сообраќајна несреќа помеѓу камион, „бмв“ и велосипед, тројца повредени
Вчера околу 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Славка Динкова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(35) од Скопје, товарно возило „„ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од с.Цветово, скопско и велосипед управуван од М.С.(62) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека другите двајца возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
Вчера во 12.10 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Еден осомничен за поседување амфетамин во Инџиково
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес на осомничениот во селото Инџиково, додека со велосипед се свижел кон домот и се обидел да им избега на полицијата, биле пронајдени речиси 50 грама амфетамин и помало количество марихуана.
Притворската мерка е предложена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Топ
Трагедија во Гевгелија: младо момче падна од зграда и загина
Дваесет и едногодишно момче (Б.Б.) од селото Орашац, кумановско, паднало од зграда, а подоцна и починало.
Несреќата се случила додека младиот работник изведувал градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија.
По падот тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Гевгелија. Поради сериозноста на повредите, подоцна бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.