Црна хроника
Сопственик на ресторан нападнат со нож во Дебар

Во Полициската станица Дебар утрово бил пријавен напад со нож врз 47-годишниот Б. П., сопственик на угостителски објект во овој град.
Како што информираат од МВР, додека бил во сопствениот ресторан, 47-годишникот бил нападнат со остар предмет од едно лице.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во затворот во Шуто Оризари

Пожар изби синоќа во една од собите во затворот Скопје во Шуто Оризари.
Пожарот бил локализиран со противпожарен апарат од страна на вработените, а повредени лица нема, соопшти полицијата.
Засега не е позната причината за избувнувањето на огнот.
Црна хроника
Мајка ја држела 16-годишната ќерка заклучена во стан во Скопје, полицијата ја приведе

Четириесет и четиригодишна скопјанка е приведена поради запуштање и малтретирање својата 16-годишна ќерка.
Девојката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот, велат од полицијата.
„На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател“, соопшти МВР.
Мајката била приведена, а потоа пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.
Црна хроника
Фатени малолетници кои краделе во трговски центар во Скопје

Полицијата приведе две малолетни лица од Скопје, поради тоа што извршиле тешка кражба во продажен објект во трговски центар.
Од МВР информираат дека украдените предмети се одземени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава за тешка кражба.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира