Црна хроника
Со ноќен радар 252 казни за брзо возење

Во текот на изминатата вечер (28/29.7.2022), во периодот од 22 до 2 часот, со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, МВР спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи.
Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 48 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукање во центарот на Куманово

Пукање имало попладнево во центарот на Куманово, потврди кумановската полиција.
Според привичните информации, во пукањето едно лице се здобило со повреди на нозете.
Полицијата најави повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.