Црна хроника
Со пила нападнати шумочувари од Крушево
Вчера околу 10.30 часот на место викано „Чешма“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Б.К.(53) и неговиот син В.К.(21), двајцата од Крушево, затоа што со пила и остар предмет се заканувале на шумочувари, вработени во ЈП „Македонски шуми“ – Крушево, при што Б.К. повредил еден од нив.
На наведеното место шумочуварите ги затекнале приведените при транспорт на нелегално исечени огревни дрва.
Б.К. и В.К. биле приведени во Полициската станица Крушево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Црна хроника
80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар
Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од Скопје бил физички нападнат во маркет на подрачјето на општина Центар.
Пензионерот случајот го пријавил во скопската полиција.
МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот и идентификација на напаѓачот.

