Црна хроника
Со фалсификувана диплома за средно се вработил како професионален војник, па како полицаец
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишник од село Лојане, инаку враборен како полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Табановце.
Како што информираат од МВР, пријавата е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.
Имено, во минатото пријавениот извршил фалсификување на дипломата за завршено средно образование, издадена од средното училиште „25 Мај“ од Прешево, Србија. По тоа, на почетокот на 2003 година, ваквата диплома ја приложил во Министерството за одбрана при склучување договор за вработување како професионален војник. Исто така, кон средината на 2005 година ваквата диплома била употребена и при склучувањето спогодба за преземање работник во МВР, со што пријавениот засновал работен однос како полицаец.
На 7 јули 2005 година Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против пријавениот поради постоење сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, а во врска со употребата на наведената лажна диплома при засновање работен однос.
По ова, на 19.3.2007 година Основниот суд Куманово донел пресуда со која го осудил пријавениот како виновен за што не го известил Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

