Црна хроника
Стружанец починал во стан во Скопје
Стружанец починал во стан на пријател во Скопје.
„На 6 октомври, околу 22 часот, на Н. Ш. (48) од Струга, додека бил со познајник во стан на подрачјето на Центар, му се слошило и починал. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Драма во кумановско: Удрил полицаец со автомобил и избегал, испалени неколку куршуми во бркотницата
Полицијата уапси жител на кумановско Романовце, не почитувал наредба, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да побегне.
Вчера во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце.
Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење.
Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник.
С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција
Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци, извести СВР Велес.
– Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.

