Црна хроника
Струмичанец тешко повреден во собраќајна несреќа

Утрово на 10.12.2021 во 02.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од бул. Ленинова и бул. Маршал Тито во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(23) од с.Мокрино, струмичко и патничко возило „ауди А5“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Раборци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(21) од Струмица, сопатник во возилото „ауди“, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина градежен работник од Скопје

Вчера на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат А.И.(47) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Топ
Дете од Прилеп загина при пад од дрво

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско загина вчера по пад од дрво.
Момчето од здобиените повреди починало на лице место.
Според информациите од МВР, при несреќата уште едно лице се здобило со повреди.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот, а полицијата извршила увид.
Црна хроника
Млад охриѓанец со оружје и’ се заканувал на поранешната девојка

Дваесет и тригодишен охриѓанец со огнено оружје и’ се заканувал на својата поранешна девојка.
Од полицијата информираа дека момчето е приведено.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.