Црна хроника
Судир меѓу товарно возило, минибус и патничко возило на патот кон Стража: две лица повредени

Во Полициската станица Кичево вчера во 10.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(45) од Куманово, минибус „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.Џ.(60) од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Л.(32) од село Ливада, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од возилото „бмв“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник, М.М.(25) од струшкото село Калишта, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.