Црна хроника
Тепачка во пералница во Скопје
Синоќа околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пералница во трговски центар на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Х.(65) и А.С.(23) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директор на основно училиште од Ростуше: вработил навставници без факултет
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против 64-годишниот А.С. од село Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во село Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во село Ростуше и одделенски наставници во село Велебрдо и село Требиште, а немале завршени студии.
Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски надзор од 19.09.2025.
Црна хроника
Кривични против тројца прилепчани: пронајдена дрога и оружје, како и предмети кои потекнуваат од тешки кражби
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „изработување, набавување на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“, „фалсификување на огнено оружје“ и „помагање“.
Полициски службеници извршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, амфетамин, средства за провалување и различни предмети кои потекнуваат од тешки кражби, пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски пиштол, автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола.
Првопријавениот, со намера да изврши фалсификување на ознаките на автоматските пиштоли со електрична брусилка извршил механички интервенции на двата пиштоли во содејство со второ и третопријавениот со намера да се стекнат со противправна имотна корист.
Црна хроника
(Видео) Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства во две товарни возила и магацини на правно лице: двајца уапсени од кои едниот е полицаец
Вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.
При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје.

Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот на правното лице пронајдено е уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.



