Црна хроника
Тепачка во уште еден скопски локал, групите извадиле и оружје
Полицијата соопшти за уште еден инцидент што се случил вчера во кафуле, овојпат, во населбата Скопје Север, на улицата Босна и Херцеговина, каде дошло до физичка пресметка помеѓу две групи на гости.
По тепачката од огнено оружје биле испукани неколку куршуми, соопшти МВР.
Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две чаури и еден фрагмет од проектил.
Од МВР засега нема повеќе детали, освен дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и девојка на возраст од 22 и 21 година.
Според информациите од МВР, двајцата со „ауди“ излетале од патот.
„По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид“, соопшти полицијата.
Извршен е увид, а телата предадени на обдукција.
Црна хроника
Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме
Вчера во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола.
По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
Вчера во 18.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат П.К.(57) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, на местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.