Контакт

Црна хроника

Тепачка меѓу малолетници во училиштен двор во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 18 часот, во СВР Скопје, Н. Б. (37) од Скопје пријавил дека околу 14 часот во училиштен двор на улицата Јани Лукровски, неговиот малолетен син, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од својсоученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

Објавено пред

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000 денари, соопшти полицијата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Тој, со намера да прибави противправна имотна корист, на 27.6.2021 година, довел во заблуда повозрасен жител на Охрид на кого, во телефонски разговор, претставувајќи се дека е лекар што го лекувал во една скопска болница, му кажал дека треба да му помогне на неговиот внук, кој на граничен премин имал проблем со автомобилот.

Притоа, побарал и добил 40.000 денари, извести полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен крадец од Скопје, бил фатен непосредно по кражбата

Објавено пред

Утрово во 8:15 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар го лишија од слобода Џ.Х. (24) од Скопје, непосредно по извршување на кривично дело тешка кражба во обид од барака сопственост на ЕВН Македонија на подрачјето на Центар.

Џ.Х. бил приведен во полициска станица, при што го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Во координација со Јавен обвинител, по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа надлежните.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен скопјанец, во неговиот дом биле пронајдени муниција и експлозивни материи

Објавено пред

39-годишен скопјанец е уапсен откако полицијата во неговиот дом пронашла муниција и експлозивни материи кои обвинетиот неовластено ги поседувал.

При извршен претрес на 9 јули 2021 година, во домот на осомничениот во с. Љубин, овластените службени лица пронашле муниција и експлозивни материи кои обвинетиот неовластено ги држел. Пронајдени биле 50 куршуми калибар 7,65 мм, 50 куршуми калибар 9,00 мм ПАРА и 150 куршуми калибар 7,65х25 мм сите наменети за испалување од огнено оружје, 50 куршуми калибар 38Special наменети за палење од огнено оружје револвер и 31 куршум калибар 7,9 мм, 12 куршуми калибар 7,62х39мм, 1 куршум калибар 9мм ПАРА WIN и 2 куршуми калибар 9мм ПАРА сите наменети за палење од пушка и автоматско огнено оружје. Воедно, при претресот биле пронајдени и 23 експандирачки проектили со дијаметар 10мм и маса од 11,6 грама наменети за огнено оружје пиштол, пет експандирачки проектили со дијаметар 7,8 мм, од кои три со маса од 9.7 грама и два со маса од 10,7 грама наменети за ловна пушка и распрскувачки материи 246,43 кг малкучаден барут спакуван во две кутии.

Од страна на Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд веќе е поднесен Обвинителен акт против овој 39-годишен скопјанец поради сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител од скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје заедно со Обвинителниот акт доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за осомничениот, сметајќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори кривичното дело.​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Одбележуваме успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцираше...

Македонија1 час

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија1 час

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија4 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа4 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија5 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа5 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт6 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија7 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет18 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа18 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа19 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа19 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион21 час

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија1 ден

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија1 ден

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Досие