Црна хроника
Тетовец се расправал со 18-годишници, па удрил во нив со автомобил
Утрово во Тетово на улицата „Маршал Тито“, пред угостителски објект, 26-годишен тетовец (С.Ј.) со автомобилот удри во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал. Од полицијата информираат дека тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди.
Околу еден час подоцна, С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени и приведени од полициските службеници.
При приведувањето, 23-годишната девојка, која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

