Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Меџитлија, возачот загинал

Вчера вечерта околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за с.Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(42) од с.Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на лице место починал возачот И.С. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се пукало, се удирале со стаклени и дрвени предмети: масовна тепачка во Гостиварско

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска, околу 4.30 часот, ги лишиле од слобода С. А. (36) од гостиварско Дебреше, С. Т. (23) и Ф. Т. (54) од гостиварско Неготино, С. Т. (40) од гостиварски Равен, С. Р. (40) и Н. Р. (41) од гостиварско Врапчиште, А. П. (34) од Скопје и гостиварците Д. О. (35), П. М. (36) и Б. Г. (40).
Тие се сомничат за инволвираност во меѓусебна физичка пресметка, која непосредно пред тоа се случила во угостителски објект на улицата Илинденска во Гостивар.
Според пријавеното, во пресметката биле користени стаклени и дрвени предмети, а еден од учесниците пукал и од огнено оружје.
Сите се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
Црна хроника
Камион удри жена на крстосница во Битола, итно пренесена во болница со тешки повреди

Тешко повредена 72-годишна жена од Битола кога во неа удрил камион.
Несреќата се случила вчера претпладне на крстосницата од улицата 8 Септември, улицата Филип Втори Македонски, улицата Прилепска, улицата Македонски гемиџии и улицата Новачки пат во Битола. Камионот „ман“, со битолски регистарски ознаки, го управувал Б. В. (63) од с. Ношпал, општина Могила.
М. В. добила тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Автомобил удри во малолетен велосипедист: детето итно пренесено во болница

Тешко повреден малолетен велосипедист кога во него удрил автомобил.
Несреќата се случила вчера попладнето на крстосницата од улицата Индира Ганди и улицата Бутелски венец во Скопје кога автомобил марка „нисан“, со скопски регистарски таблички, управуван од Р. Б. (57) од с. Дејковец, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.