Црна хроника
Тешко повредена жена при пад од автобус на ЈСП

Тешки телесни повреди добила патничка при пад од автобус на ЈСП.
По извештајот на полицијата, на 23.11.2021, во 12.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Јане Сандански, во автобус на ЈСП, управуван од И. Б. (52) од Скопје, паднала патничката С. А. (61) од Скопје. С. А. добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгубил контрола и паднал: 34-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Радовишко

Во текот на вчерашниот ден, во 17 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С. С. (34) од село Раклиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил С. С.., констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Црна хроника
Приведени двајца крадци од Липковско

Во текот на вчерашниот ден, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А. С. (18) и Н. М. (19), двајцата од село Слупчане, Липковско.
Тие се сомничат дека на 28.2.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети.
А. С. и Н. М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Црна хроника
Фатени крадци во Битола, краделе од куќи, автомобили и спортска обложувачница

Полицијата приведе тројца крадци во Битола и расчисти пет кривични дела.
„На 19.3.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, ги лишиле од слобода Д. О. (37) и А. А. (35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А. М. (27) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувачница, од каде што одзеле разни предмети и пари“, велат од МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе следува соодветна пријава.