Црна хроника
Тешко повреден возач на камион на автопатот Миладиновци-Штип

На автопатот Миладиновци-Штип кој е во изградба, кај надвозникот за село Крушица во попладневните часови на 24. ноември возач на камион доживеал сообраќајна незгода.
Како што информираат од МВР, 48-годишен возач од Скопје, управувајќи со камион „ман“ удрил во надвозникот.
Во незгодата 48-годишникот се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на лице место извршила полициска екипа од Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор

А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Црна хроника
Кумановка (18) удри во бетонска жардинера со мопед, пренесена е во болница

Осумнаесетгодишна кумановка, А.Н., управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид.