Црна хроника
Тешко повреден малолетен мотоциклист по судир со автомобил

Малолетен мотоциклист е тешко повреден по судир со автомобил ноќеска на ул.“Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци.
Несреќата се случила меѓу патничко моторно возило “фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(25) од Кавадарци, и мопед “априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдено телото на 27-годишниот работник кој падна во канал за наводнување

Синоќа во близина на кочанското село Бање, во канал за наводнување бил пронајден починат 27-годишниот работник од Кавадарци, по кого се трагаше. На 23 мај во 17 часот и 10 минути беше пријавено дека најверојатно паднал во каналот додека извршувал работни задачи на објект во кочанското село Тркање.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен oбвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Црна хроника
Малолетник со мотор удрил полицаец, тешко повредени двајцата

Малолетник од Штип со мотор удрил полицаец, додека вршел службена дејност на улицата Маршал Тито во Штип.
Според информациите, несреќата се случила вчера, а двајцата со тешки повреди биле пренесени во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила екипа на СВР Штип.
Црна хроника
Истрага за напад врз полициски службеник во Чаир

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Осомничениот 28-годишник, на 23 мај, пред угостителски објект на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје, нападнал и телесно повредил полициски службеник – началник на ЕВР Чаир, кој постапувал и вршел контрола на службите на терен во врска со кампањата ‘Безбедна матурска прослава’. Осомничениот најпрвин вербално му се заканил на полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со бокс во пределот на раката. Осомничениот извадил и огнено оружје – пиштол „сиг сауер“ во калибар 9 мм, со 10 куршуми во рамката, кој го поседувал без дозвола, го репетирал и го вперил кон оштетениот. Еден од другите присутни полициски службеници му ја оттурнал раката, при што осомничениот испукал еден проектил во воздухот, а веднаш потоа бил совладан од присутните полицајци“, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото.