Контакт

Црна хроника

Тешко повреден малолетник во судир помеѓу „рено“ и мотоцикл

Објавено пред

Вчера во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улицата „Маршал Тито“ и улицата „Првомајска“ во Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот М.А. од Демир Капија и мотоцикл управуван од малолетник од демиркаписко, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

Црна хроника

Казни за 106 возачи во Скопје

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец измамил жена од Косово за 732 евра

Објавено пред

Жена од Косово била измамена од Е.В.(45) од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното во МВР, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.

Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец ги нападнал сопругата и малолетната ќерка, па кршел по дома

Објавено пред

Полицијата вчера го приведе Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет1 час

Кинеската армија го „опколи“ Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека започнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија2 часа

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левица дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а околу 20 се повредени што го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет2 часа

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...

Свет2 часа

(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните...

Македонија12 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија16 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија18 часа

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија19 часа

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет21 час

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија22 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија22 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија1 ден

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија1 ден

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа1 ден

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија1 ден

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет1 ден

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет1 ден

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...