Црна хроника
Тешко повреден 38-годишник од Охрид, со „хонда“ излетал од пат
Вчера во СВР Битола е пријавено дека во 21.15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен – Буково кај место викано леворечки мост се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Д.Н. од Охрид, излетало од коловозот, при што Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, извести МВР.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени две починати лица во Скопско: едното било пријавено за исчезнато
Вчера во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице.
По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Истиот ден во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетно девојче допирано по телото од нејзиниот тетин: случајот го пријавила мајката
Утрово во 02.00 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена од Битола пријавила дека нејзината малолетна ќерка, додека било на гости кај нејзината тетка во Прилеп, била допирана по телото од нејзиниот тетин.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Починат маж пронајден на скалите пред подрум во скопски Карпош
Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.