Црна хроника
Тинејџер од Охрид ја нападнал својата 67-годишна баба, приведен е

Полицијата вчера го приведе А.Ј.(19) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.00 часот во домот физички ја нападнал својата 67-годишна баба.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Скопје

Вчера во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(38) од Скопје и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Г.(51) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена марихуана, лишено до слобода едно лице

Вчера во 19:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Р.(43) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени татко и син од Тетово: пронајдени марихуана и пиштол

Вчера во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 23-годишниот А.В. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација.
И Б.В. е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.