Црна хроника
Три лица со тешки повреди се префрлени во болница по сообраќајната несреќа на Партизанска

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи утрово на булеварот Партизански одреди и булеварот 8 Септември.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(47) од селото Гарани, кичевско и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(36) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се здобиле возачот на патничкото возило С.И. и сопатниците во истото возило Б.В.(33) од с.Врановци, гостиварско и В.Д.(21) од с.Арачиново, скопско. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило, М.Х.(32)од с.Врапчиште, гостиварско и С.Б.(47) од с.Брњарци, скопско. И тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две лица го загубија животот.
„Денеска во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на булеварот „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“ во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР
Црна хроника
Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Синоќа во селото Марвинци, валандовско, полицијата го приведе К.А.(34) од село Марвинци.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, шприц и мало шише исполнети со течност.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против К.А. ќе биде поснесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Куманово по судир со возило

Во СВР Куманово синоќа околу 20.30 часот е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.