Црна хроника
Тројца напаѓачи се обиделе да одземат пари во казино, повредиле едно лице и му се заканиле со пиштол
Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, кои на 11 мај во група, заедно со уште едно засега непознато лице, влегле во казино на Качанички Пат и се обиделе да одземат пари.
Осомничените најпрвин нападнале едно лице, кое играло на апаратите за среќа и почнале да го удираат барајќи од него да им ги даде парите.
Кога оштетениот дал отпор, тие насила го одвлекле до едно сепаре, продолжиле да го удираат и да го убедуваат да излезе со нив од казиното.
За да се одбрани, оштетениот зел стол и се заканил дека ќе го фрли кон осомничените. Во тој момент првоосомничениот извадил пиштол од појасот, го репетирал и се заканил дека ќе го лиши од живот оштетениот.
Сепак, нападнатото лице одбило да излезе со нив од казиното, а од нанесените удари добило телесни повреди – набиеници.
Постои основано сомнение дека со наведените дејства тројцата осомничени сториле кривично дело разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Првиот осомничен сторил и кривично дело грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 во врска со член 19, а другите двајца сториле кривично дело грабнување квалификувано според член 141 став 1 во врска со член 22 и член 19 од Кривичниот законик.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен. Од другите двајца осомничени еден сè уште не е лишен од слобода, а за другиот се предложени мерки на претпазливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

