Црна хроника
Тројца насилници за време на полицискиот час предизвикале тепачка во Куманово
Кумановското Основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни против три лица од овој град кои со намера да предизвикаат тепачка го прекршиле полицискиот час, односно ограничувањето на движењето воведно како мерка против коронавирусот.
Обвинетите на 24 март, околу 22.15 часот, заедно отишле во дом на друго лице од Куманово со кого имале претходни несогласувања.
Најпрвин почнала расправија, а потоа и физичка пресметка. Поради нарушување на јавниот ред и мир, биле повикани полициски службеници, кои констатирале дека напаѓачите сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
За стореното кривично дело, Обвинителството до Основниот суд во Куманово предложило на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

