Контакт

Црна хроника

Тројца од Радовиш не ги почитувале препораките – им се закануваат глоби

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица кои не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите, спротивно на одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење, со која се забранува движење на населението од 21 до 6 часот, со „ситроен“ се движеле по булеварот Александар Македонски, каде што биле запрени од страна на полициски службеници на полицијата. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Третиот обвинет, откако на 18 овој месец допатувал со товарно возило од Грција – земја со среден ризик со зараза, во согласност со листата на Светската здравствена организација, на граничниот премин Богородица бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација во согласност со одлуката за мерки за спречување внесување и ширење на коронавирусот. На 20 март ја прекршил мерката за самоизолација и при извршена проверка од страна на полициски службеници на МВР ПС Радовиш не бил затекнат во својот дом. Обвинителството за овој обвинет предложи да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од 20 евра.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Пријави за разбојници кои нападнале и ограбиле таксисти во Тетово

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.П.(18) од с.Вешала, Tетовско, А.И.(17) од с.Мерово, тетовско, А.С.(20) од селото Камењане, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, против М.А.(22) од селото Боговиње и Д.С.(23) од селото Камењане поради тешка кражба.

Прво, второ и третопријавениот на 05.01.2020 на ул.„Маршал Тито“ се качиле во такси возило и откако пристигнале на местото, со закана со нож, од возачот одзеле пари. Прво, второ и третопријавениот на 05.01.2020 на ул.„Маршал Тито“ се качиле во друго такси возило и на ист начин и од овој возач одзеле пари и побегнале. Трето и четвртопријавениот на 04.03.2020 на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ се качиле во такси возило и откако пристигнале на бараната локација, со употреба на сила, од возачот одзеле пари.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Непознато лице синоќа фрлало јајца кон зградата на Владата

Објавено пред

На 04.06.2020 во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 22.30 до 23.00 часот, непознато лице фрлило јајца на фасадата на предниот дел од објектот на Владата на РСМ. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информира МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Мизрахи пријавила во МВР дека била следена и фотографирана

Објавено пред

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, вчера, во 23.40 часот, пријавила во полиција дека во неколку наврати била следена од непознати лица, а некои од нив ѝ упатувале и закани.

Според пријавата, на 3.6.2020 година, околу 18 часот, пред училиште во населбата Синѓелиќ, додека била на состанок на политичка партија, возило „голф“, со кумановски регистарски таблички, во повеќе наврати кружело околу местото. Истиот ден, околу 19 часот, на друг состанок во „Хиподром клуб“, две непознати лица ја фотографирале со телефони и побегнале, а потоа во 20.30 часот пријавителката се упатила кон својот дом на улицата Орце Николов и кога излегла од возилото, пред влезот на зградата ја дочекало непознато лице, ја фотографирало и веднаш побегнало.

„Според пријавителката, и на 1.6.2020 година, околу 19.20 часот, на крстосницата на булеварот Илинден со улицата Никола Тесла, од патничко возило ‘ауди’ излегол сопатникот, се упатил кон нејзиното возило упатувајќи ѝ закани. Исто така, пријавителката навела дека и претходните месеци во неколку наврати била следена од возила (црн џип и ‘голф’), а во периодот јануари/февруари годинава во неколку наврати непознати лица во доцните ноќни часови помеѓу 00.00 и 3 часот ѕвонеле и тропале на вратата од нејзиниот стан. Во целиот овој период пријавителката навела дека во повеќе наврати добивала пораки на „Фејсбук“ со заканувачка и навредлива содржина, кои дополнително ќе ги приложела“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија3 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион3 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија3 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија4 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ4 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија5 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион7 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет8 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет8 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет8 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија9 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија19 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија20 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија21 час

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ1 ден

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија1 ден

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија1 ден

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија1 ден

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Досие