Црна хроника
Уапсени седум лица во околината на Велес – поседувале различни видови дрога
Минатата вечер (02.09/03.09.2023) во периодот од 22.00 до 01.30 часот на место викано „Бабуна“ во Велес, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес лишиле од слобода седум лица затоа што кај нив биле пронајдени различни видови дрога.
Имено, полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила.
Притоа, во 22.00 часот од слобода биле лишени 19-годишната А.М. од с.Теарце, тетовско, А.Т.(20) од Прилеп и Д.Т.(20) од Тетово затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази.
Во 22.45 часот од слобода биле лишени И.Г.(29) и Ј.А.(20), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Додека, во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С.(30) и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

