Црна хроника
Уапсени тројца скопјани, биле барани по централни потерници
Вчера во Скопје од слобода биле лишени 55-годишниот З.Н., 55-годишниот Р.Т. и 37-годишниот С.М., тројцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни.
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода З.Н. затоа што бил баран за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Р.Т. затоа што бил баран за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 300 став 1 во врска со член 297 од Кривичниот законик.
Додека, полициски службеници од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Кисела Вода го лишиле од слобода С.М.за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик.
Лицата биле спроведени во Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје за издржување на казните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

