Црна хроника
Уапсени четири возачи во виничко, Македонска Каменица, Пробиштип и Гевгелија: возеле пијани, а еден од нив со автомобилот излетал од пат
Вчера во 20:20 часот на локален пат во село Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот.
При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 01:42 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода В.Р.(19) од с.Саса, општина Македонска Каменица. При сообраќајна контрола на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 02:11 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Д.(49) од Пробиштип. При сообраќајна контрола на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип е сопрено патничко возило „фолксваген тигуан“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 00:31 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ја лишија од слобода 31-годишната П.К. од Богданци. При сообраќајна контрола на крстосница на бул.„Гевгелија“ со ул.Индустриска“ во Гевгелија е сопрено патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

