Црна хроника
Уапсен битолчанец: бил баран со потерница за казна затвор од пет години

Во Битола вчера во 10.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(42) од Битола.
Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од КЗ.
Лицето, како што соопшти полицијата е спроведено во Казнено- поправниот дом „Затвор Прилеп“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во двор во Нов Дојран

Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, Ж.К.(65) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа во Нов Дојран пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 70мм која потекнувала од Првата светска војна.
Црна хроника
Штипјанка со пластичен пиштол ограбила книжарница

Штипјанка со пластичен пиштол ограбила книжарница.
Според информациите на МВР, СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 30.05.2025 во книжарница во Штип, пријавената со употреба на пластичен пиштол и закани одзела пари од дневниот промет.
Црна хроника
Дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки пронајдени на Средно Водно: биле спремни за потпалување

Утрово во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување.
Полицијата соопшти дека е излезено на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат надлежните.