Црна хроника
Украдени два сефа од обложувалница во Скопје
Вчера во 9:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле кражба во обложувалница на ул. Ѓорче Петров. Според пријавеното, сторителите со употреба на сила и подесен алат влегле во обложувалницата и одзеле два сефа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пријава за 67-годишен жител на Ларце: во возило откриени стотици кутии цигари и тутун без акциза
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 67-годишниот И.Р. од селото Ларце поради сомнение за кривичното дело избегнување на плаќање акциза, соопшти МВР.
Според полицијата, случајот се случил на 21 август 2025 година, кога на улицата Маршал Тито во Тетово бил запрен „фолксваген голф“ што го управувал пријавениот. При контролата, полициските службеници пронашле и одзеле голема количина цигари и опрема за нивно изработување.
Во возилото биле откриени 562 кутии цигари со странски бандероли, 17 кутии и седум кеси тутун, 22 машинки за правење цигари, 10 СИМ-картички, 19 табакери и 18 кутии филтри, за кои И.Р. не приложил никаква документација за платени акцизни давачки или за потеклото на стоката.
МВР информира дека предметите се одземени, а против пријавениот е поднесена кривична пријава.
Црна хроника
18-годишна Турчинка тешко повредена во сообраќајка во Скопје
Вчера околу 00:40 часот, во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Трета македонска бригада“ и улица „Пролет“ се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 18-годишна девојка од Турција.
Според пријавеното, патничко возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот С.И.Х. од Турција, изгубило контрола и удрило во рекламен билборд.
Сопатничката Ј.А.Е. (18) се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите ѝ биле констатирани.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(69) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа еден пиштол калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал.

